• сабота, 23 ноември 2024

Руски преговарач: Нема да попуштиме на ниту една преговарачка точка

Руски преговарач: Нема да попуштиме на ниту една преговарачка точка
Москва, 10 март 2022 (МИА) - Руската делегација на мировните преговори со Украина нема да попушти на ниту една преговарачка точка, изјави рускиот преговарач Леонид Слутски во ТВ интервју, а пренесува руската новинска агенција РИА. Досега се одржани три рунди разговори, а денеска шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба во Анталија, Турција треба да се сретне со неговиот руски колега Лавров. Тие ќе бидат разговори на највисоко ниво меѓу двете страни од почетокот на руската инвазија пред две недели. Претходно, украинскиот претседател Володимир Зеленски ја истакна својата подготвеност за компромис на преговорите. „Во какви било преговори, мојата цел е да се стави крај на војната со Русија. И јас сум исто така подготвен да преземам одредени чекори“, изјави Зеленски за германскиот весник „Билд“. – Може да се направат компромиси, но тие не смеат да бидат предавство на мојата земја, рече Зеленски, без да даде дополнителни детали. Тој исто така истакна дека и другата страна треба да биде подготвена на компромис. ссм/

Остани поврзан