• петок, 27 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Руски напад во Запорожје предизвика пожар, една жена загина, две лица се повредени

Руски напад во Запорожје предизвика пожар, една жена загина, две лица се повредени

Киев, 22 април 2025 (МИА) - Како резултат на руски напад, избувна пожар во еден од квартовите на градот Запорожје, при што загина 69-годишна жена, а две лица се повредени, објави началникот на локалната воена администрација Иван Федоров на Телеграм.

„Како резултат на рускиот напад во областа Запорожје, избувна пожар во една од областите на Запорожје. Последиците во моментов се утврдуваат“, напиша Федоров.

„Две лица се повредени. Ова се прелиминарните последици од непријателскиот напад на Запорожје“, додаде тој, прецизирајќи дека жртвите се пренесени во болница.

„Рускиот напад на Запорожје го одзеде животот на едно лице. Шеесет и деветгодишна жена беше тешко повредена, лекарите се обиделе да ја реанимираат, но не успеале да ја спасат“, напиша Федоров.

Во текот на изминатиот ден имало 552 непријателски напади врз 12 населени места во областа Запорожје. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан