• недела, 22 декември 2024

Руски медиуми: Гранатаран руски воен камп во близина на границата со Украина

Руски медиуми: Гранатаран руски воен камп во близина на границата со Украина
Москва, 29 март 2022 (МИА) – Граната погодила привремен руски воен камп во близина на границата со Украина, јави руската агенција ТАСС, наведувајќи дека според првите податоци најверојатно била истрелана од украинска страна. ТАСС јави за инцидентот веднаш откако висок локален функционер соопшти за серија експлозии во близина на рускиот град Белгород во близина на границата со Украина. Портпаролот на Брзата помош за РИА Новости изјавил дека во експлозијата се повредени четворица полицајци. Претходно беше јавено дека вечерва се слушнале неколку експлозии во селото во близина на рускиот град Белгород. Белгород се наоѓа на околу 40 километри од границата со Украина. Според првите информации експлодирал магацин за оружје, но тие не беа потврдени. јт/ https://twitter.com/i/status/1508882885130223617

Остани поврзан