• четврток, 26 март 2026

Руски дрон уби 13.000 свињи во напад врз фарма во Харковска област

Руски дрон уби 13.000 свињи во напад врз фарма во Харковска област

Киев, 3 октомври 2025 (МИА) - Тринаесет илјади свињи се убиени при руски напад со дрон врз свињарник во Харковска област, на североистокот на Украина, соопшти украинската Државна служба за итни состојби.

Инцидентот се случил во близина на селото Нова Водолага. Нападот предизвикал голем пожар во кој изгореле осум објекти каде што се одгледувале свињите. Еден работник е повреден.

Руските вооружени сили редовно ја таргетираат граничната Харковска област со дронови и ракети во рамките на секојдневните напади врз Украина. ссм/

фото: архива/илустрација

Остани поврзан