• среда, 04 декември 2024

Руски воен брод истрелал сигнална ракета кон германски воен хеликоптер во Балтичкото Море

Руски воен брод истрелал сигнална ракета кон германски воен хеликоптер во Балтичкото Море

Берлин, 4 декември 2024 (МИА) - Руски воен брод во Балтичкото Море истрела сигнална ракета врз кон германски воен хеликоптер, јави ДПА.

Хеликоптерот бил во извидничка мисија.

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок кусо извести за инцидентот на маргините на средбата со нејзините колеги од НАТО во Брисел, без да даде повеќе детали.

Бербок рече дека е вообичаена практика бродовите да навлегуваат во Балтичкото Море за да ги заобиколат санкциите наметнати на Русија поради нејзината инвазија на Украина.

Употребата на ракети е дозволена само во итни ситуации, забележува ДПА. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан