• петок, 15 ноември 2024

Руска Амбасада во Вашингтон: Ние немаме хемиско оружје од 2017 година

Руска Амбасада во Вашингтон: Ние немаме хемиско оружје од 2017 година
Вашингтон, 13 април 2022 (МИА) - Руската амбасада во Вашингтон ги отфрли како „неосновани“, тезите на портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс, околу можноста за руско користење на хемиско оружје во Украина, јави агенцијата Тасс. „Портпаролот на Стејт департментот зборуваше за можноста нашата земја да користи хемиско оружје во светло на наводните неуспеси на специјалната воена операција во Украина. Нед Прајс повторно настапи со празни реченици, што не ги поткрепи со ниту еден доказ“, објави руската амбасада. Руските дипломати во САД тврдат дека „руските вооружени сили немаат и не можат да имаат, какво било хемиско оружје на располагање, бидејќи Русија ги елиминираше сите свои залихи на хемиско оружје, уште во 2017 година“. „Информациите, потврдени од руското Министерство за одбрана, околу украински радикали, кои подготвуваат провокации со употреба на хемикалии, се вознемирувачки. Имаме прашања и за потеклото на тие супстанции“, пишува руската амбасада, повикувајќи го Вашингтон да „престане да шири дезинформации“. бд/сд/
 

Остани поврзан