• петок, 12 декември 2025

Руската ПВО соборила 32 дронови насочени кон Москва

Руската ПВО соборила 32 дронови насочени кон Москва

Москва, 11 декември 2025 (МИА) – Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин изјави дека во текот на ноќта пресретнати и соборени се 32 украински дронови насочени кон главниот град на Русија.

Поради украинските напади со беспилотни летала откажани се 24 летови од московските аеродроми.

И во други делови од Русија, вклучително и кавкаските републики Чеченија, Северна Осетија и Дагестан било издадено предупредување од напади со дронови.

Четириесет беспилотни летала биле соборени над регионот Калуга, во близина на Белорусија и Украина.  ми/мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан