Руската ПВО соборила 155 украински дронови
- Гувернерот на Липецка област, Игор Артамонов изјави дека дрон се урнал во квартот Хлевенски, при што избил пожар во кој едно лице загина, а еден човек е повреден
Москва, 11 јули 2025 (МИА) – Руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта соборени се 155 украински беспилотни летала, а еден човек загинал во областа Липецк.
Системите за противвоздушна одбрана пресретнаа и уништија 155 украински дронови, од кои 53 се соборени над регионот Курск, кој граничи со Украина.,
Гувернерот на Липецка област, Игор Артамонов изјави дека дрон се урнал во квартот Хлевенски, при што избил пожар во кој едно лице загина, а еден човек е повреден. ми/
фото: МИА архива