• недела, 22 декември 2024

Руската војска во текот на ноќта пресретнала над 40 украински дрона на руска територија

Руската војска во текот на ноќта пресретнала над 40 украински дрона на руска територија

Москва, 20 ноември 2024 (МИА) - Во текот на ноќта руската армија пресретнала повеќе од 40 украински беспилотни летала над Русија, соопштија од Министерството за одбрана и локалните власти.

Како што се наведува во соопштението на руското Министерство, дежурните системи за противвоздушна одбрана уништиле и пресретнале 44 украински беспилотни летала над руска територија, пренесуваат руските медиуми. Од нив, 20 дрона се уништени над територијата на Новгородскиот регион, пет дрона се уништени над Курскиот регион, четири над регионот Орила, три биле соборени над регионите Белгород, Тула и Твер и по два над Брјанск, Москва и регионот Смоленск, се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Гувернерот на регионот Самара, Вјачеслав Федоришчев, објави дека на небото над овој регион се уништени шест украински беспилотни летала, наведуваат руските медиуми.

Засега нема извештаи за жртви или материјална штета во овие напади.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан