• недела, 15 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Руската војска вечерва влезе во украинскиот град Мелитопол

Руската војска вечерва влезе во украинскиот град Мелитопол
Киев, 25 февруари 2022 (МИА) - Руската армија вечерва без отпор влезе во украинскиот град Мелитопол, на југот од Украина, соопшти руското Министерство за одбрана. „По амфибискиот напад во регионот на населбата Азов, во Украина, руските единици вмаршираа и влегоа во Мелитопол без отпор“, се наведува во соопштението на руското МО. Би-Би-Си јавува дека на социјалните мрежи е објавена проверена видео снимка на која се гледаат борбите во Мелитопол. сд/

Остани поврзан