• четврток, 26 март 2026

Руската армија тврди дека не таргетирала цели во Полска

Руската армија тврди дека не таргетирала цели во Полска

Москва, 10 септември 2025 (МИА) – Руската армија соопшти дека немала намера да нападне цели на полска територија, соопшти руското Министерство за одбрана не потврдувајќи дали дроновите навлегле во полскиот воздушен простор.

Руското МО изрази подготвеност за консултации со полското Министерство за одбрана.

Во соопштението на руското МО се наведува дека армијата ги нападнала украинските воени постројки во регионите Ивано-Франкивск, Хмелницки и Житомир, како и во градовите Виница и Лвов.

Полска и нејзините сојузници ја осудија руската „провокација“ откако синоќа беа соборени 19 дронови во полскиот воздушен простор. ми/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан