• понеделник, 18 ноември 2024

Руската армија се повлече од аеродромот во близина на Киев

Руската армија се повлече од аеродромот во близина на Киев
Киев, 2 април 2022 (МИА) – По неколку недели поминати на аеродромот Антонов, 28 километри северозападно од Киев, руските сили одеднаш се повлекоа, покажуваат нови сателитски снимки. Заземањето на аеродромот Антонов беше првата голема победа што Русите ја забележаа на првиот ден од војната – 24 февруари. Бројни транспортни и јуришни хеликоптери ја нападнале базата, во која имало и украински војници, потсетуваат светските агенции. јт/

Остани поврзан