• четврток, 02 јануари 2025

Руската амбасада во САД одговори на обвинувањата за мешање во изборите

Руската амбасада во САД одговори на обвинувањата за мешање во изборите

Вашингтон, 6 ноември 2024 (МИА) - Руската амбасада во САД соопшти дека наводите за руско мешање во изборите не се ништо повеќе од „злонамерна клевета“.

„Сите инсинуации за „руски махинации“ се злонамерна клевета, измислена за употреба во внатрешно-политичката борба на Соединетите Држави“, се посочува во изјавата на амбасадата, пренесуваат руските меидуми.

ФБИ претходно вечерва соопшти дека е „свесно за извештаите за лажни дојави за бомби на избирачките места во неколку држави, од кои многу се чини дека потекнуваат од руски домени за е-пошта“. ссм/

фото: архива

Остани поврзан