Русија соопшти дека ги нападнала украинските енергетски постројки
- Русија денеска соопшти дека ги нападнала украинските енергетски објекти кои му помагаат на воено-индустрискиот комплекс на Киев.
Москва, 2 јануари 2025 (МИА) - Русија денеска соопшти дека ги нападнала украинските енергетски објекти кои му помагаат на воено-индустрискиот комплекс на Киев.
Во текот на изминатите 24 часа, руската армија изврши воздушни и артилериски напади врз енергетски објекти, воени аеродроми и области каде има концентрација на жива сила, се вели во соопштението на Министерството за одбрана во Москва.
Министерството наведува дека биле нападнати вкупно 146 региони во Украина и дека синоќа бил соборен украински борбен авион Су-27, биле пресретнати 97 беспилотни летала и шест американски ракети ХИМАРС. рп/
Фото: МИА архива