• понеделник, 23 декември 2024

Русија тврди дека со соработката со Северна Кореја не го прекршува меѓународното право

Русија тврди дека со соработката со Северна Кореја не го прекршува меѓународното право

Москва, 31 октомври 2024 (МИА) - Руската воена интеракција со Северна Кореја не е против меѓународното право, изјави рускиот амбасадор во ОН Василиј Небензја пред Советот за безбедност, додека американскиот секретар за одбрана предупреди на можно продолжување или проширување на војната во Украина.

„Би сакал да нагласам дека интеракцијата на Русија со Демократска Народна Република Кореја во воените и другите области е во согласност со меѓународното право и не е негово кршење. Не е насочено против трети земји“, рече Небензја.

Во исто време, американскиот министер за одбрана Лојд Остин предупреди дека распоредувањето на севернокорејските сили може да ја продолжи и прошири војната во Украина.

„Распоредувањето трупи на Северна Кореја во Русија за да и помогне на нејзината војна против Украина има потенцијал да го продолжи двеиполгодишниот конфликт и да привлече други“, предупреди Остин.

Тој додаде дека околу 10.000 севернокорејски сили веќе се распоредени во источна Русија, облечени во руски униформи и со руска опрема, што, според него, се повеќе изгледа како распоредување поддршка на руските борбени операции во регионот Курск, во близина на границата со Украина.

Во август, украинските сили извршија голем упад во Курск и таму држат стотици квадратни километри територија.

По разговорот со неговиот јужнокорејски колега во Пентагон, Ким Јонг-Ун, Остин го нарече распоредувањето „опасна и дестабилизирачка ескалација“.

„Постои потенцијал за продолжување или проширување на конфликтот“, истакна Остин.

Прашан што мисли под ширење на конфликтот и дали другите земји би можеле да се приклучат на борбата, Остин одговори дека „тоа би можело да ги поттикне другите да преземат акција, различни видови акции“.

„Има голем број работи што може да се случат“, рече Остин.

Тој смета дека Северна Кореја доколку ѝ помогне на Русија во војната, „севернокорејските трупи може да очекуваат да бидат цел на украинските војници користејќи оружје обезбедено од САД и нивните сојузници, а некои најверојатно ќе загинат на бојното поле“. паг/

Фото: ЕПА

Остани поврзан