• четврток, 19 декември 2024

Русија прогласи вонредна состојба во пограничниот регион Курск

Русија прогласи вонредна состојба во пограничниот регион Курск

Киев, 9 август 2024 (МИА) - Русија прогласи вонредна состојба во пограничниот регион Курск четири дена откако стотици украински војници ја преминаа границата и ја нападнаа областа.

„Оперативната ситуација во регионот Курск останува тешка“, изјави вршителот на должноста гувернер на Курск, Алексеј Смирнов, на каналот Телеграм.

Социјалните служби и здруженијата на граѓани се организираа за да им пружат помош на луѓето кои беа принудени да ги напуштат своите домови поради борбите, додаде тој.

Од Курск досега се евакуирани околу 3.000 жители.

Има малку сигурни информации за ненадејната украинска операција, а нејзините стратешки цели и натаму се нејасни.

Украинските власти одбија да дадат конкретен коментар за упадот, што се случува на околу 500 километри југозападно од Москва.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан