• понеделник, 23 декември 2024

Русија почна со производство на Спутник В во спреј

Русија почна со производство на Спутник В во спреј
Москва, 26 февруари 2021 (МИА) – Назалната верзија на вакцината Спутник В исто така ќе биде двокомпонентна, но во форма на спреј и ќе ја даваат само лекари, изјави заменик-градоначалничката на Москва за социјален развој, Анастасија Ракова. - Тоа е истата двокомпонентна вакцина Спутник В, само што во кутијата ќе има и специјален спреј. Пациентите нема да можат сами да го користат, без оглед на тоа што неговата употреба е едноставна. Само медицински професионалец ќе може да го вбризга. Ќе се применува двапати, рече Ракова. Таа објасни дека оваа верзија на вакцината формира локален имунитет, таа е помалку ефикасна, но е побезбедна. Овој лек ќе биде погоден за оние на кои не им се препорачува вакцина. јт/

Остани поврзан