• петок, 22 ноември 2024

Русија почна големи поморски вежби во Балтичко Море

Русија почна големи поморски вежби во Балтичко Море

Москва, 5 јуни 2023 (МИА) – Русија денеска соопшти дека почнала да поморски вежби во Балтичкото Море, еден ден откако земјите-членки на НАТО ги почнаа годишните вежби на Балтикот. 

На вежбите на НАТО учествуваат 6.000 персонал, 50 бродови и повеќе од 45 авиони, а Финска првпат учествува како членка на Алијансата, соопшти американската морнарица.

Руската армија најави дека во нејзините вежби, што треба да траат до 15 јуни, ќе учествуваат до 40 бродови и чамци, 25 авиони и околу 3.500 лица. 

Москва, исто така, денеска почна со вежби и во Јапонското Море и на далечното источно Охотско Море, во кои учествуваат повеќе од 60 воени бродови и помошни бродови од нејзината Пацифичка флота. сд/

Остани поврзан