• петок, 22 ноември 2024

Русија ноќеска лансирала 24 дрона, украинската ПВО соборила 11

Русија ноќеска лансирала 24 дрона, украинската ПВО соборила 11

Киев, 2 февруари 2024 (МИА) - Во текот на ноќта Русија изврши нов масовен напад со беспилотни летала врз јужните и централните региони на Украина.

Во нападот врз Криви Рог е оштетена трафостаница, поради што без струја се домаќинствата и индустриските потрошувачи во градот. Во моментов, наведува Униан, околу 40.000 потрошувачи се без струја.

Украинските воздухопловни сили утринава соопштија дека руските сили ја нападнале Украина во текот на ноќта со 24 нападни дронови „Шахед-136/131“, а украинската ПВО уништила 11 летала.

Најмалку седум руски нападни дронови ги промашиле своите зададени цели, се додава во соопштението на украинските водухопловни сили, пренесе Укринформ.

Украинската армија додава дека на терен се уште се утврдуваат последиците од последниот ноќен руски напад со беспилотни летала. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан