• петок, 05 декември 2025

Русија и Украина повторно разменија воени заробеници

Русија и Украина повторно разменија воени заробеници

Москва, 4 јули 2025 (МИА) – Министерството за одбрана на Русија денеска соопшти дека спровело нова размена на воени заробеници со Украина, како дел од договорот постигнат со Киев на почетокот на јуни за време на преговорите во Истанбул.

Иако Русија и Украина досега неколкупати разменија затвореници, договорот од Истанбул не доведе до напредок во решавањето на конфликтот, кој трае од 2022 година.

Министерството соопшти дека денеска нова група руски војници се вратила од територијата контролирана од Киев, но не прецизираше колкумина биле ослободени. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан