• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за напад врз клучен енергетски објект во Суџа

Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за напад врз клучен енергетски објект во Суџа

Киев, 28 март 2025 (МИА) - Русија тврди дека клучна станица за транзит на гас е речиси уништена во градот Суџа, во руската област Курск, каде што украинските сили извршија изненаден напад минатото лето.

Москва ја обвинува Украина за „двоен напад“ врз станицата за мерење на гасот, што предизвикало голем пожар и „речиси целосно уништување“ на објектот.

Од друга страна, украински безбедносен претставник изјави дека Русија „повторно ја нападнала гасната преносна мрежа во Суџа“, која, како што тврди, „не ја контролира“.

Извештаите и одговорноста за нападот засега не се независно потврдени.

Суџа е локација на транзитна точка преку која Русија до крајот на минатата година испраќаше гас по гасовод низ Украина до Европа. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан