• петок, 22 ноември 2024

Русија го прогласи Каспаров за терорист

Русија го прогласи Каспаров за терорист

 

Москва, 6 март 2024 (МИА) – Руските власти го додадоа името на поранешниот повеќекратен светски шаховски првак и политички активист Гари Каспаров на списокот „терористи и екстремисти“.

Каспаров е долгогодишен противник на рускиот претседател Владимир Путин, а последните десет години живее во САД.

Каспаров ја напушти Русија во страв дека може да се соочи со судски процес во 2013 година и од САД продолжува да биде жесток критичар на Путин и на руската агресија врз Украина.

Каспаров во 2022 година веќе беше прогласен за „странски агент“, термин кој руските власти го користат за своите противници, новинари и борци за човекови права. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан