Русија го прогласи Британскиот совет за „непожелна организација“
- „Иако се претставува како независна институција, целокупната работа на Советот е усогласена со приоритетите на британската Влада – организацијата одговара пред парламентот и е финансирана од Министерството за надворешни работи на Обединетото Кралство“, се наведува во соопштението на руската обвинителска служба.
Москва, 5 јуни 2025 (МИА) - Руската Главна обвинителска управа го прогласи Британскиот совет за „непожелна организација“.
„Иако се претставува како независна институција, целокупната работа на Советот е усогласена со приоритетите на британската Влада – организацијата одговара пред парламентот и е финансирана од Министерството за надворешни работи на Обединетото Кралство“, се наведува во соопштението на руската обвинителска служба.
Британскиот совет се дефинира како „меѓународна организација на Обединетото Кралство за културна соработка и образовни можности“.
Организацијата потсети дека уште во 2018 година добила барање од Русија да ја запре својата работа на територијата на земјата. ссм/
фото: архива