• четврток, 04 декември 2025

Русија го отпушти заменик-генералниот директор на ТАСС по посетата на Азербејџан

Русија го отпушти заменик-генералниот директор на ТАСС по посетата на Азербејџан

Москва, 25 јули 2025 (МИА) - Русија отпушти висок функционер во новинската агенција ТАСС откако присуствуваше на настан организиран од претседателот на Азербејџан, чии односи со Москва се влошија во последните месеци.

Михаил Гусман, кој беше задолжен за надворешни односи во ТАСС и ја имаше функцијата прв заменик-генерален директор, интервјуираше светски лидери во сопствената телевизиска емисија и минатиот месец модерираше состанок меѓу претседателот Владимир Путин и странски новински агенции.

Порано овој месец, Гусман ги налути руските блогери кои ја поддржуваат војната на Москва во Украина откако учествуваше на медиумски форум со украински новинари во главниот град на Нагорно-Карабах, територија што Азербејџан ја врати од Ерменија во 2023 година.

На форумот, тој го пофали Азербејџан за одржување врски со широк спектар земји. На истиот форум, азербејџанскиот претседател Илхам Алиев му рече на еден украински новинар дека Украинците никогаш не треба да прифатат да бидат окупирани.

Ослободувањето на Гузман беше објавено во кратка изјава на веб-страницата на владата, без да се наведе причината за неговото отпуштање. Некои руски медиуми ја поздравија одлуката, опишувајќи го Гузман, кој е роден во Азербејџан, како шпион за Баку.

-Тоа е тоа. Азербејџанскиот шпион Гузман е разрешен од функцијата прв заменик-генерален директор на ТАСС, напиша Мултинационал, националистички канал на Телеграм со околу 400.000 претплатници.

Односите меѓу Русија и поранешната советска република Азербејџан се влошија во последните месеци откако 38 лица загинаа во падот на азербејџански патнички авион на пат кон јужна Русија минатиот декември.

Алиев рече дека сака Русија јавно да признае дека го соборила авионот по грешка и дека ќе ги казни одговорните. Москва не се согласи, иако Владимир Путин му се извини на Алиев за инцидентот.

Тензиите се зголемија откако починаа двајца Азербејџанци, кои беа приведени во руски притвор за време на полициска рација како дел од истрагата за убиство. Потоа Азербејџан уапси руски новинари од државните медиуми, потег што многумина го сметаат за одмазда за она што им се случи на двајцата мажи.

Во соопштението, генералниот директор на ТАСС, Андреј Кондрашов, му се заблагодари на Гузман за неговите 30 години служба во агенцијата. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан