Русија го додаде „ЛГБТ движењето“ на листата на екстремистички и терористички организации
- усија го додаде „ЛГБТ движењето“ на својата листа на екстремистички и терористички организации, објавија денеска руските државни медиуми.

Москва, 22 март 2024 (МИА) - Русија го додаде „ЛГБТ движењето“ на својата листа на екстремистички и терористички организации, објавија денеска руските државни медиуми.
Овој потег е во согласност со одлуката на рускиот Врховен суд во ноември минатата година да ги категоризира ЛГБТ активистите како екстремисти, што според претставниците на ЛГБТ заедницата може да доведе до апсења и гонење.
Листата се администрира од агенција наречена Росфинмониторинг, која има право да замрзне банкарски сметки на повеќе од 14.000 физички и правни лица категоризирани како екстремисти и терористи.
Вклучените во листата варираат од терористичката група Ал Каеда, преку технолошкиот гигант Мета, до соработниците на починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални. рп/
Фото: МИА архива