• петок, 15 ноември 2024

Русија ги укинува визите за време на ЕП во фудбал

Русија ги укинува визите за време на ЕП во фудбал
  Москва, 20 мај 2021 (МИА) – Русија ќе им дозволи на странските навивачи, кои ќе купат влезници за натпреварите во Санкт Петерсбург, во рамки на Европското првенство (ЕП), да влезат во земјата без неопходната виза, соопшти денеска локалниот организациски одбор. Русија воведе рестрикции за влез на странци во земјата поради пандемијата на Ковид-19 и нејзините граници се отворени само за жители од земјите со кои има воспоставено директни меѓународни летови. - Во сегашните услови кога движењето на луѓето е многу ограничено, ние наидовме на разбирање од федералните власти и можеме да ги отвориме границите за оние, кои доаѓаат во Санкт Петерсбург на фудбалските празници ова лето, изјави директорот на локалниот организациски одбор Алексеј Сорокин. Тој додаде дека и официјалните лица на завршниот турнир, и самите учесници ќе мораат да ги почитуваат безбедносните правила и да имаат негативен тест на Ковид-19. Санкт Петерсбург ќе биде домаќин на седум натпревари од групата Б (Русија, Данска, Финска, Белгија) и на еден четвртфинален дуел, а стадионот ќе биде исполнет до 50 отсто од капацитетот. ег/

Остани поврзан