• понеделник, 18 ноември 2024

Русија ги удвои премиите за нови воени регрути

Русија ги удвои премиите за нови воени регрути

Москва, 31 јули 2024 (МИА) - Руското раководство ги удвои премиите за доброволци кои се пријавија за војната во Украина, јави ДПА.

Според декретот потпишан од рускиот претседател Владимир Путин денеска, секој што ќе потпише договор за распоредување на фронтот во периодот од 1 август до 31 декември, ќе добие еднократна исплата од 400.000 рубљи (околу 4.100 евра), што е двојно повеќе како и претходните 195.000 рубли (околу 2005 евра). Дополнително, Русија сега нуди повисока месечна плата, значително повисока од просечната руска плата.

Многу региони даваат и бонуси од нивните буџети, Москва на пример, овој месец дава еднократна исплата од 1,9 милиони рубли (околу 20 илјади евра) ако се потпише договор за една година или повеќе. Неколку региони ги зголемија своите премии во последниве недели.

Во регионот на Санкт Петербург премијата е околу 1,8 милиони рубљи, во Ростов 1,2 милиони, а во Свердловск 400 илјади, што е сума што ја препорачува Кремљ како минимум.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека од почетокот на годинава договори потпишале околу 190.000 руски државјани. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан