Русија ги критикуваше санкциите на ЕУ и САД против Путин и Лавров
- -Ова е пример за апсолутната слабост на надворешната политика, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи Марија Захарова на државната телевизија.

Москва, 25 февруари 2022 (МИА) - Русија вечерва ги критикуваше санкциите воведени од Западот против претседателот Владимир Путин и шефот на дипломатијата, Сергеј Лавров, оценувајќи ги како слаби, јави ДПА.
-Ова е пример за апсолутната слабост на надворешната политика, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи Марија Захарова на државната телевизија.
„Нема со кого да разговараш“, забележа таа, додавајќи дека Русија е нуклеарна сила.
Нејзините коментари доаѓаат како одговор на санкциите воведени претходно вечерва од САД, ЕУ и Велика Британија против шефот на државата и на дипломатијата, додаде ДПА. сд/