• сабота, 18 мај 2024

Русија бара состанок на Советот за безбедност на ОН за Белгород, дипломати тврдат дека веќе е закажан

Русија бара состанок на Советот за безбедност на ОН за Белгород, дипломати тврдат дека веќе е закажан

Москва, 30 декември 2023 (МИА) – Русија, која пред речиси две години изврши инвазија врз Украина, побара специјална седница на Советот за безбедност на ОН по украинскиот напад врз градот Белгород.

- Терористичкиот напад врз Белгород ќе биде предмет на постапка во Советот за безбедност на ОН, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, пренесе ДПА.

- Зад терористичкиот напад стои Велика Британија, која во координација со САД го поттикнува режимот на Киев на терористички акции, бидејќи препозна дека контраофанзивата на украинските вооружени сили не успеа, рекла Захарова.

Руските власти соопштија дека најмалку 14 лица загинале во украинскиот ракетен напад врз Белгород, меѓу кои и две деца. Бројот на повредени е 108.

Според последните информации на Би-Би-Си, постојаната мисија на Русија во ОН соопштила дека состанокот на Советот за безбедност на ОН ќе се одржи подоцна денеска. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан