• сабота, 29 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Румен Радев: Спортот гради карактер и ги обединува луѓето во име на мирна иднина

Румен Радев: Спортот гради карактер и ги обединува луѓето во име на мирна иднина

Софија, 22 март 2025 (МИА/БТА) - Од античко време, боречките вештини биле алатка за градење на личноста и усовршување на карактерот. Едуцираат во дисциплина и одговорност, волја и посветеност, во почит кон противникот. Ова го истакна шефот на државата Румен Радев во честитката до учесниците и гостите на дванаесеттиот меѓународен олимписки турнир во теквондо „Рамус Софија опен“ 2025 година.

Ова е веста, која денеска ја избра МИА од сервисот на Бугарската телеграфска агенција (БТА), согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат по една вест, која ќе ја објават на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.

Оваа година, натпреварот собра повеќе од 1.500 учесници од речиси 20 земји, кои претставуваат повеќе од сто клубови кои ја практикуваат корејската боречка вештина и спорт. Од 2000 година, таеквондото е дел од програмата на Летните олимписки игри.

Претседателот Радев во поздравниот говор им честита на организаторите за енергијата и заложбите со кои веќе дванаесетта година го одржуваат еден од најочекуваните меѓународни натпревари во ориентални боречки вештини во Бугарија.

-Спортот не само што гради карактер, туку и ги обединува луѓето од блиските и далечните во име на мирна иднина на планетата, истакна шефот на државата.

Претседателот им посака успех на учесниците и истакна дека без разлика на конечниот пласман и прикажаното денеска, секој натпреварувач е пример за следење, поради покажаниот спортски дух и волјата за победа.

-Вашето присуство во оваа сала е победа. Победа над мобилните телефони и зависностите, кои имаат низа негативни последици. На светот во кој живееме му требаат такви победници кои ќе можат да се соочат со предизвиците на утрешниот ден, истакна Румен Радев.

Претседателот им се заблагодари на родителите, тренерите и на сите вклучени во организацијата на турнирот за безрезервната поддршка за младите спортисти, благодарение на што младите имаат можност да станат посигурни и посилни. Шефот на државата на сите учесници на меѓународниот турнир во теквондо им посака многу здравје и нови спортски успеси. 

Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА.

фото: БТА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан