Ружински: Рехабилитација на регионалниот пат Берово-Струмица за економски развој
- Во соработка со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, како врвен приоритет ја поставуваме целосната рехабилитација на патниот правец Берово-Струмица, вели Петар Ружински, кандидат за градоначалник на општина Берово, во изјава, што МИА ја пренесува интегрално.
10 октомври 2025
Во соработка со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, како врвен приоритет ја поставуваме целосната рехабилитација на патниот правец Берово-Струмица, вели Петар Ружински, кандидат за градоначалник на општина Берово, во изјава, што МИА ја пренесува интегрално.
СООПШТЕНИЕ:
изјава на Петар Ружински, кандидат за градоначалник на општина Берово
Патот до Струмица е нашата главна врска со еден од најважните економски центри во регионот.
Со години тој пат е во лоша состојба, небезбеден и полн со дупки, што го отежнува патувањето и транспортот на стоки.
Во соработка со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, како врвен приоритет ја поставуваме целосната рехабилитација на овој патен правец.
Тоа значи темелна обнова на подлогата, комплетно нов асфалт и нова модерна сигнализација.
Подобрата поврзаност значи побрз економски развој и поголема безбедност за сите.
Заокружете го бројот 9 за проекти кои не поврзуваат.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
фото: ВМРО-ДПМНЕ