• четврток, 26 март 2026

Ружински: Нови можности за младите во Берово, модерен младински хаб простор за иновации, учење и претприемништво

Ружински: Нови можности за младите во Берово, модерен младински хаб простор за иновации, учење и претприемништво

Скопје, 4 октомври 2025

Најголемата обврска што ја имаме е да создадеме иднина за нашите деца, тука во Општина Берово. Со години гледаме како празниот бизнис инкубатор е симбол на пропуштените шанси за младите, се вели во изјавата на Петар Ружински, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Општина Берово, што  МИА ја пренесува интегрално.

Ние тоа ќе го смениме. Ќе го претвориме во модерен младински хаб - простор за иновации, учење и претприемништво.

Ова ќе биде место каде секој млад човек со добра идеја ќе добие, бесплатен простор, менторство и поддршка да го започне својот бизнис.

Инвестираме во идеите, а не во празни згради.

Заокружете го бројот 9 за иднината на општина Берово.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан