Рудигер ќе пропушти до два месеца поради повреда
- Дефанзивецот на Реал Мадрид, Антонио Рудигер беше опериран поради делумно кинење на надворешниот менискус на левата нога, соопшти прес-службата на мадридскиот клуб.

Мадрид, 29 април 2025 (МИА) - Дефанзивецот на Реал Мадрид, Антонио Рудигер беше опериран поради делумно кинење на надворешниот менискус на левата нога, соопшти прес-службата на мадридскиот клуб.
Се очекува 32-годишниот Германец да пропушти меѓу шест и осум недели.
Рудигер се повреди на натпреварот против Барселона (2:3) во финалето на Купот на Шпанија.
Претходно беше објавено дека фудбалерот се соочува и со исклучување од 12 натпревари поради однесувањето на натпреварот. Фудбалерот додека беше надвор од теренот фрли мраз кон судијата и продолжи да се однесува агресивно по добивањето црвен картон.
Рудигер подоцна се извини за инцидентот. зс/
Фото: ЕПА