• вторник, 22 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Рубио по средба со Баро: Европа мора да ги зголеми ресурсите за да се стави крај на војната во Украина

Рубио по средба со Баро: Европа мора да ги зголеми ресурсите за да се стави крај на војната во Украина

Вашингтон, 1 мај 2025 (МИА)  -  Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска ја пофали Франција за време на средба со францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро за собирањето европска поддршка за мировниот договор за Украина и рече дека Европа мора да вложи напор да обезбеди реални ресурси и политичка волја за да помогне во завршувањето на војната, соопшти Стејт департментот.

„Секретарот Рубио го пофали лидерството на Франција во собирањето европска и украинска поддршка за одржлив договор, но јасно стави до знаење дека зборовите не се доволни - Европа мора да ги зголеми вистинските ресурси и политичката волја за да се заврши таа војна“, се вели во соопштението.

Рубио изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп е фокусиран на запирање на бесмисленото крвопролевање во Украина и ја потврди посветеноста на САД на тесна соработка со Франција и другите европски партнери за да се обезбеди траен мир. зш./
фото ЕПА

Остани поврзан