• петок, 05 декември 2025

Рубио: План за реорганизација на Стејт департментот е доставен до Конгресот

Рубио: План за реорганизација на Стејт департментот е доставен до Конгресот

Вашингтон, 29 мај 2025 (МИА) - Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека Стејт департментот доставил документ до Конгресот за својот план за реорганизација.

Планот има за цел да создаде поагилен оддел, што би бил подобро опремен за промовирање на интересите на САД и заштита на безбедноста на Американците низ целиот свет.

„Од мојот прв ден како секретар, велев дека овој оддел мора да се движи со брзина на релевантност, а во април најавив широка реорганизација на одделот за подобро да се постигне таа цел“, рече Рубио. зш/
фото ЕПА

Остани поврзан