• четврток, 26 март 2026

Рубио: Зеленски треба да се извини

Рубио: Зеленски треба да се извини

Вашингтон, 1 март 2025 (МИА) – Американскиот државен секретар Марко Рубио го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски да се извини по неговата расправија со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа.

- Зеленски треба да се извини што ни го изгубивме времето за средбата што заврши на овој начин. Многу јасно ставивме до знаење кој е нашиот план, а тоа е да ги доведеме Русите на преговарачка маса, истакна Рубио во интервју за Си-ен-ен.

Тој додаде дека во изминатите десет дена во сите контакти со Украинците имало компликации, вклучително и јавни изјави на претседателот Зеленски, при што се поставува прашањето дали украинскиот претседател е подготвен за мир.

- Можеби не сака да склучи мировен договор. Тој вели дека го сака тоа, но можеби и не, истакна Рубио, додавајќи дека „овој начин на поткопување на мировните напори е многу разочарувачки“. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан