РСФ со дрон уби 43 верници во џамија во Ал Фариш
- Суданските паравоени Сили за брза интервенција (РСФ) денеска убија 43 луѓе во џамија во окупираниот град Ал Фашир, соопшти Суданската лекарска мрежа
Картум, 19 септември 2025 (МИА) – Суданските паравоени Сили за брза интервенција (РСФ) денеска убија 43 луѓе во џамија во окупираниот град Ал Фашир, соопшти Суданската лекарска мрежа.
Според мрежата, РСФ со напад со дрон уби верници додека биле на молитва во џамија.
Ал Фариш е последното упориште на суданската армија во регионот Дарфур, југозападен Судан. Во градот од изминатата недела имаше повеќе судири помеѓу армијата и РСФ и суданската армија. Од вчера РСФ континуирано напаѓа станбени квартови.
Од април 2023 година во Судан се водат борби за превласт помеѓу суданската армија и Силите за брза поддршка (РСФ). Судирите избија поради предлогот за повторно воспоставување на цивилна власт во Судан. Од воениот удар во 2021 година со Судан раководи Суверен совет составен од армиски генерали.
РСФ е под команда на потпретседателот на Советот, генерал Мохамед Хамдан Дагал, а армијата ја предводи генералот Абдел Фатах ал Бурхан, кој е претседател на Суверениот совет. Според предложената транзиција кон цивилна влада, РСФ ќе биде интегрирана во суданската армија. РСФ бараше транзицијата да биде одложена за 10 години, но не се согласи армијата.
РСФ се составени од припадници на полицијата Џанџавид, обвинети за злосторства за време на долгата и смртоносна војна што започна во 2003 година во Дарфур, западен Судан, исто така е обвинета дека била вклучена во задушувањето на бунтот против диктаторот Омар ал Башир кон крајот на 2018 година, што кулминираше со неговото соборување од власт во април 2019 година.
Војната во третата по големина африканска држава предизвика најголемата хуманитарна криза во светот, а од почетокот на конфликтот загинаа повеќе од 40.000 луѓе, а околу 12 милиони се раселени. ми/
фото: МИА архива