РСС: Западен Балкан го засилува дијалогот за социјалните права
- Соопштение: Проектот ЕСАП 3 на СРС започна регионална кампања за подигнување на свеста пред оцената на перформансите на Европскиот столб за социјални права за 2025 година
Скопје, 17 јули 2025
Платформата за вработување и социјални прашања - ESAP 3 (ПВСП 3) на Советот за регионална соработка (СРС) вчера започна со регионалната кампања за подигнување на свеста со цел промоција на важноста на социјалните права во Западен Балкан, во пресрет на претстојните прегледи на перформансите на Европскиот столб за социјални права – EPSR (ЕССП) за 2025 година.
Кампањата ги истакнува гласовите на граѓаните и нуди визија за тоа како би изгледал животот во регионот доколку принципите на ЕССП се целосно применети – од праведни работни услови, полова еднаквост, пристап до квалитетно образование, здравствена заштита, социјална заштита и инклузија.
„Европскиот столб за социјални права не е само визија, туку и практичен патоказ во насока на поправедни и поинклузивни општества во нашиот регион,“ изјави Ратка Бабиќ, раководителка на тимот на ПВСП 3. „Како што Западен Балкан напредува на патот кон пристапувањето во ЕУ, усогласувањето со принципите на ЕССП е и политичка обврска и социјална неопходност.“
Социјалните индикатори откриваат постојани предизвици во регионот во споредба со просекот на ЕУ. На пример, според достапни податоци претставени во табелата за социјални прашања за Западен Балкан, разликата во вработеноста меѓу половите во регионот изнесува речиси 20%, што е значително повеќе од просекот на ЕУ од околу 11%. Учество на возрасни лица (од 25 до 65 години) во учење се движи од само 0,7% до 4,8%, значително помалку од просекот на ЕУ од 10,8%. Овие бројки укажуваат на структурни пречки поврзани со нееднаквост, сиромаштија и ниска вклученост на пазарот на труд – прашања кои ќе бидат регионално мониторирани со прегледите на ЕССП за 2025 година.
ЕССП содржи 20 клучни принципи, поделени во три поглавја: Еднакви можности и пристап до пазарот на трудод; Праведни работни услови; и Социјална заштита и инклузија.
Секоја економија од Западен Балкан ќе биде оценета во 2025 година за напредокот во примената на овие принципи, надоврзувајќи се на претходните прегледи на перформансите спроведени во 2022 година. Целта на кампањата е да се зајакне јавната свест за улогата на социјалните права во процесот на проширување на ЕУ и да се засилат очекувањата на граѓаните за достоинствена работа, правичен пристап до услуги и достоинство за сите.
Наодите од оцената на ЕССП за 2025 година ќе бидат јавно претставени на регионален настан во Западен Балкан подоцна оваа година, каде ќе се соберат креатори на политики, граѓански организации, меѓународни партнери и социјални партнери за да ја потврдат заложбата за силна социјална димензија на евроинтеграциите.
Повеќе информации на: www.esap.online
Регионален совет за соработка
______________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
Фото: РСС