• среда, 15 мај 2024

РСБСП: Возете внимателно и одговорно за Свети Трифун и Валентин

РСБСП: Возете внимателно и одговорно за Свети Трифун и Валентин

13 февруари 2024 

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата упатува апел за внимателно и одговорно учество во сообраќајот за време на празникот на љубовта и виното.

Празниците се одличен повод за споделување на среќа и незаборавни моменти со блиските и саканите, но за да бидат овековечени со љубов неопходно е и одговорно однесување за време на истите, особено доколку се учествува во сообраќајот на патиштата.

Затоа РСБСП советува:

· доколку консумирате алкохол - НЕ управувајте со моторно возило, а доколку одлучите да возите тогаш НЕ консумирајте алкохол,

· доколку консумирате алкохол - користете јавен превоз или повикајте такси превоз,

· почитувајте ги сообраќајните правила и прописи,

· возете внимателно и грижете се за сите учесници во сообраќајот,

· возете со СРЦЕ!

 

РСБСП упатува порака:

Почитувајте го животот и уживајте во пријателствата.

Ако го славите Св. Валентин - опијте се од љубов, а ако наздравувате за Св. Трифун - покажете одговорно однесување.

Честит празник на љубовта и виното!

Возете безбедно!

РСБСП

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: РСБСП

 

 

 

Остани поврзан