• понеделник, 23 декември 2024

Ројс поради повреда ќе го пропушти Мундијалот во Катар, тој не отпатува со Германија на СП 2014, Евро 2016 и Евро 2020

Ројс поради повреда ќе го пропушти Мундијалот во Катар, тој не отпатува со Германија на СП 2014, Евро 2016 и Евро 2020
Берлин, 10 ноември 2022 (МИА) - Фудбалерот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Марко Ројс нема да и помогне на германската репрезентација на Светското првенство 2022 година поради повреда. Според „Скај Спорт Дојчланд“, 33-годишниот Ројс нема да може да учествува на Светското првенство поради повреда здобиена во средината на септември. Селекторот на Германија Ханси Флик до последно се надеваше дека Ројс ќе закрепне, но играчот нема да може да влезе на теренот уште неколку недели. Ројс заработи повреда на лигаментите на скочниот зглоб во победата од 1:0 над Шалке на 17 септември. Четири недели подоцна, во мечот со Унион (0:2), тој се врати на теренот, влегувајќи како замена на полувремето. Сепак, по натпреварот почувствува болка. Минатата сабота, на 5 ноември, Ројс се врати на теренот по повреда - влезе како замена во 67. минута од натпреварот против Бохум (3:0). По тој натпревар, скочниот зглоб повторно почна да го боли. Да потсетиме, Марко поради повреда го пропушти Светското првенство во 2014 година, кое го освои Германија. Исто така, поради повреда, Ројс не играше на Евро 2016 година. Тој го пропушти Евро 2020, наведувајќи го заморот по „исцрпувачката сезона“. Мундијалот во Катар ќе се игра од 20 ноември до 18 декември. зс/

Остани поврзан