• петок, 22 ноември 2024

Рош: Ветувачки резултати за коктел против Ковид-19

Рош: Ветувачки резултати за коктел против Ковид-19
Берн, 23 март 2021 (МИА) - Швајцарската фармацевтска компанија „Рош“ претстави ветувачки резултати од клиничките испитувања за експериментален коктел против Ковид-19. Тој ги комбинира лековите казиривимаб и имдевимаб (casirivimab и imdevimab) и е наменет за пациенти кои не се хоспитализирани. Коктелот е заеднички развој со американската лабораторија „Регенерон“. „Податоците од третата фаза на проучувањето покажуваат 70 отсто намалување на хоспитализациите или смртните случаи кај пациенти со Ковид-19 на кои не им е потребна хоспитализација“, се вели во соопштението на швајцарската компанија. Податоците, исто така, покажуваат намалување на времетраењето на симптомите за четири дена. паг/

Остани поврзан