• петок, 22 ноември 2024

Рохани: Верувам дека Бајден повторно ќе се приклучи кон нуклеарниот договор

Рохани: Верувам дека Бајден повторно ќе се приклучи кон нуклеарниот договор
Техеран, 17 декември 2020 (МИА) - Претседателот на Иран, Хасан Рохани изјави дека е убеден дека оти новата американска администрација ќе се врати на обврските предвидени со меѓународниот нуклеарен договор и оти ќе бидат укинати санкциите кон Техеран. - Не се сомневам дека тригодишниот отпор на иранскиот народ ќе ја убеди следната американска влада да се врати на своите обврски и да ги укине санкциите, посочи Рохани. Иран и САД ги прекинаа дипломатските односи во 1980 година, но имаше приближување во 2015 година кога во Виена беше потпишан меѓународен договор за иранската нуклеарна програма, за време на претседателскиот мандат на Барак Обама. Но, Доналд Трамп во 2018 година ги повлече САД од Договорот со цел „максимален политички притисок“ врз Иран и воведе нови санкции, по што двете држави од јуни 2019 година двапати беа на раб на војна. ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан