• петок, 22 ноември 2024

Роскосмос ја напушта МВС

Роскосмос ја напушта МВС
Москва, 3 мај 2022 (МИА) - Генералниот директор на руската вселенска агенција Роскосмос, Дмитриј Рогозин потврди дека Русија ја напушта Меѓународната вселенска станица (МВС). Тој рече дека Москва одлучила да ја напушти МВС поради економските санкции кон Русија по инвазијата на Украина. Овој потег го означува крајот на ерата на глобална соработка и е своевидна кулминација на лошите односи. САД и Русија веќе имаат планови кои не ја вклучуваат застарената МВС, а Русите и претходно јасно ставија до знаење дека имаат намера да ги продолжат своите вселенски операции без да соработуваат со Американците. Руските новински агенции објавија дека изјавата на Рогозин е и официјална крајна одлука. - Одлуката е веќе донесена и не сме обврзани јавно да зборуваме за тоа. Само едно можам да кажам, согласно нашите обврски - ќе ги информираме нашите партнери за прекин на нашата работа на МВС со објавување една година порано, рече Рогозин. Набргу откако Русија го почна нападот врз Украина, САД и кога други земји воведоа санкции кон Русите, како што се наведува - Рогозин на шега рече дека Американците отсега би можеле да вршат вселенски лансирања „користејќи метли“, бидејќи повеќе не можат да сметаат на руските ракети „Сојуз“. Тој ги осуди санкциите на Западот и најави прекин на соработката со американската вселенска агенција НАСА и европската ЕСА. Американскиот милијардер и визионер Илон Маск изјави дека неговата компанија „Спејс-Икс“ може да помогне во функционирањето на МВС. Соопштението на Роскосмос го означува крајот на успешната научна соработка меѓу Москва и Вашингтон. Русија, САД, Канада, Јапонија и ЕСА соработуваат на МВС од 1998 година.

Остани поврзан