Роскомнадзор со предупредување до медиумите: Не го интервјуирајте украинскиот претседател
- „Роскомнадзор ги предупредува руските медиуми дека треба да се воздржат од објавување на интервјуа“, наведува агенцијата, но не ја наведува причината зошто го објавува предупредувањето
Москва, 27 март 2022 (МИА) - Руската агенција за следење на медиумите „Роскомнадзор“ денеска ги предупреди медиумите во земјата да не емитуваат интервјуа со украинскиот претседател Володимир Зеленски и отвори истрага против оние кои го вече тоа го направија.
Во краткото соопштение што Агенцијата за мониторинг на работата на руските медиуми го објави на социјалната мрежа и на својата веб-страница се наведува дека многу руски медиуми веќе го интервјуирале Зеленски.
„Роскомнадзор ги предупредува руските медиуми дека треба да се воздржат од објавување на интервјуа“, наведува агенцијата, но не ја наведува причината зошто го објавува предупредувањето. сд/