• петок, 05 декември 2025

Росатом: Рускиот нуклеарен „штит“ треба да се зајакне во наредните години

Росатом: Рускиот нуклеарен „штит“ треба да се зајакне во наредните години

Москва, 21 август 2025 (МИА) - Нуклеарниот „штит“ на Русија треба да се зајакне во наредните години, земајќи ги предвид колосалните закани за нејзиното постоење, изјави генералниот директор на државната корпорација Росатом, Алексеј Лихачев.

-Во моментов, во сегашната геополитичка ситуација, постојат колосални закани за постоењето на нашата земја. Затоа, нуклеарниот штит, кој е и меч, е гаранција за нашиот суверенитет... Денеска разбираме дека нуклеарниот штит мора само да се подобрува во наредните години, изјави Лихачев за руските медиуми.

Русија има околу 4.300 складирани и распоредени нуклеарни боеви глави, а САД имаат околу 3.700, што вкупно претставува околу 87 проценти од нуклеарните боеви глави во светот, покажува истражувањето на Федерацијата на американски научници.

Според истражувањето, Кина е трета најголема нуклеарна сила во светот со околу 600 боеви глави, по што следуваат Франција со 290, Велика Британија со 225, Индија со 180, Пакистан со 170, Израел со 90 и Северна Кореја со 50.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан