• среда, 15 мај 2024

Роналдо се заблагодари за поддршката на „Енфилд“

Роналдо се заблагодари за поддршката на „Енфилд“
Манчестер, 21 април 2022 (МИА) – Напаѓачот на Манчестер Јунјатед и капитен на португалската фудбалска репрезентација Кристијано Роналдо им се заблагодари денеска на навивачите на Ливерпул за искажаната поддршка за време на премиерлигашкиот дуел на „Енфилд Роуд“, кој Португалецот го пропушти поради смртта на својот новороден син. „Еден свет … Еден спорт … Едно глобално семејство … Благодарам Енфилд. Јас и моето семејство никогаш нема да го заборавиме овој момент на почитување и сочувство, напиша Роналдо на Инстаграм. Роналдо и неговата партнерка Георгина Родригез минатата есен објавија дека чекаат близнаци, а во понеделникот ја трогнаа јавноста со веста дека едно од двете новороденчиња починало. ег/

Остани поврзан