• четврток, 26 март 2026

Роналдо реагира на елиминацијата на Ал-Наср од Кралскиот куп

Роналдо реагира на елиминацијата на Ал-Наср од Кралскиот куп

Ријад, 29 октомври 2025 (МИА) - Фудбалерот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо, го коментираше поразот на тимот од Ал-Итихад со 2:1 синоќа на домашен терен во осминафиналето на Кралскиот куп на Саудиска Арабија.

- Остануваме на својот став, учиме и продолжуваме напред заедно, напиша Роналдо на социјалните мрежи.

Четириесетгодишниот Португалец го започна натпреварот и имаше еден удар кон голот. 

Головите за Ал-Итихад ги постигна Карим Бензема во 15. и Хусем Ауар во втората минута од судиското надополнување во првото полувреме.

За домаќините погоди Анџело во 30. минута. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан