Роналдо почна да учи во изолација
- Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо, објави нова фотографија на својот Инстаграм. 35-годишниот Португалец ги извести следбениците дека почна да учи во време на самоизолација заради панд

Мадеира, 15 април 2020 (МИА) - Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо, објави нова фотографија на својот Инстаграм. 35-годишниот Португалец ги извести следбениците дека почна да учи во време на самоизолација заради пандемија на коронавирус.
- Секогаш предизвикувајте се! Мене ми дојде време да учам, напиша Роналдо на фотографијата.
Оваа сезона Роналдо настапи на 32 натпревара, постигна 25 голови и направи пет асистенции. зс/