• сабота, 18 мај 2024

Роналдо не е опција за Баерн: Престар е за нас

Роналдо не е опција за Баерн: Престар е за нас
Минхен, 7 февруари 2020 (МИА) - Баерн Минхен ја отфрла можноста за некогаш да го ангажира еден од најдобрите светски фудбалери, Кристијано Роналдо. Дел од медиумите овјавија дека Португалецот наводно е незадоволен од проектот во Јувентус и како опција ги нагласија Баварците, но нивниот претседател, Херберт Хајнер демантира такво нешто.
„Свесни сме дека многу фудбалски имиња се поврзуваат со нас и го разбираме тоа. Но, Кристијано Роналдо е престар“, порача Хајнер.
Роналдо пред два дена го прослави 35. роденден, меѓутоа и натаму игра во врвна форма. Показател за тоа се 22-та гола во 27 одиграни натпревари за „старата дама“ во оваа сезона.
Затоа, пак, Хајнер не исклучува можност за ангажман на Лирој Сане од Манчестер сити кој, иако е повреден, е во радар на Баерн Минхен веќе подолг период. сѓд/

Остани поврзан