• понеделник, 01 јули 2024

Роналдо се зацврсти на врвот на листата на стрелци во Серија А

Роналдо се зацврсти на врвот на листата на стрелци во Серија А
Торино, 6 февруари 2021 (МИА) – Кристијано Роналдо вечерва со гол придонесе во триумфот на актуелниот италијански првак Јувентус над Рома од 2:0 во дерби натпреварот од 21 коло во Серија А. Португалскиот напаѓач, кој вчера го прослави својот 36 роденден, беше прецизен во 13 минута, пред бразилскиот дефанзивец Ибанез со автогол во 69 минута да ја потврди победата на Јувентус. Со вечерашниот погодок Роналдо стигна до бројката од 16 голови, предводејќи ја листата на најдобри стрелци во италијанското првенство, пред напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку, кој засега има постигнато 14 голови. Со вечерашниот триумф Јувентус ја прескокна Рома на третото место на табелата со 42 бодови, пет помалку од лидерот Интер, кој има одиграно натпревар повеќе.ег/сд/

Остани поврзан